Проектот “REMEDIC”

video intro REMEDIC

video - The outcome of the action

Проектот “Прекуграничен центар за регенеративна медицина со матични клетки” со акронимот “REMEDIC” е развиен во соработка помеѓу Медицинскиот  факултет на Универзитетот “Аристотел” во Солун (Грција) и Високата медицинска школа на Универзитетот “Свети Климент Охридски” во Битола, Поранешна Југословенска Република Македонија.
Целта на проектот е развој на инфраструктуратa и технологијатa  за клеточни терапии и регенеративна медицина.
REMEDIC проектот е одобрен во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција-Поранешна Југословенска Република Македонија 2007-2013”, (приоритетна насока 1: Зајакнување на економскиот развој , мерка 1.4 Заштита на човечкиот живот), која има за цел да ја подобри меѓусебната соработка во дадената област преку промовирање на одржлив локален развој.
<Грција - Поранешна Југословенска Република Македонија, ИПА прекугранична програма 2007-2013>
<Грција- Поранешна Југословенска Република Македонија, ИПА прекугранична програма 2007-2013> е програма за прекугранична соработка кофинансирана од Европската Унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Програмата се фокусира на промовирање на одржлив економски и социјален развој во граничните области и помагање при соработка со заедничките предизвици во области како што се: животната средина, природното и културното наследство и јавното здравство. Општата цел на програмата  е дa се подобри меѓусебната соработка во дадената област и да се промовира одржлив локален развој. Вкупниот буџет на програмата за периодот 2007-2013 е 31.549.722,00 €.