Очекувани резултати

  • Формирање на две функционални лаборатории посветени и специјализирани за манипулација на клеточни култури  од матични клетки. Единицата во Солун ќе има  ДПП (Добра Производна Пракса) во согласност со тоа што е апсолутно потребно за безбедно ниво за пресадување на матични клетки кај луѓето. Додека, единицата во Битола ќе биде подготвена на најдобро можно ниво за да може во иднина да биде надградена спрема потребите;
  • Двете единици ќе бидат опремени со основни инструменти адекватни за ракување со клетки и нивна манипулација;
  • Во Битола исто така ќе биде создадена мала административна канцеларија со можност за управување и координација на слични проекти;
  • Двете единици за да можат да ја пренесат технологијата ќе го преземат развојот на работни протоколи (стандардни оперативни процедури СОП) за матични клетки или изолација на други клетки, експанзија, диференцијација и складирање.

 
Горенаведените чекори ќе им овозможат на двата партнери да:

  • Учествуваат во истражувањата и клиничките испитувања во светот во однос на регенеративната медицина;
  • Олеснување на имплементацијата и развојот на терапевтски ориентирани протоколи за болести кои вклучуваат употреба на терапии со матични клетки или други терапии со клетки;
  • Да се зголеми конкурентноста и да се придонесе против научната изолација на инволвираните страни што ќе го направи REMEDIC столб на центарот за континуирано образование и обука за специјализирани и најсовремени технологии во Балканскиот регион.